Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги доживува веројатно најтешките денови на функцијата од почетокот на војната.

Не затоа што Украина е во подредена позиција, што не е ништо ново на фронтот, туку затоа што е евидентно дека од почетокот на војната во Израел и Газа, светот речиси повеќе не го интересира што се случува меѓу Украина и Русија.

Западот несомнено се откажува од испраќањето помош за Украинците, а секојдневно се вести дека во голем обем се подготвува мировен план за запирање на војната.

 Понекогаш, кога ги гледам сите овие војни или кога ја гледам кризата на Блискиот Исток и Африка… Понекогаш го гледам сето тоа и мислам дека најдобриот начин оваа планета да биде планета на кучиња. Тие се секогаш смешни . Добри исто така. Понекогаш навистина не ги разбирам луѓето – рече Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.