Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди одлуката на Советот за национална безбедност на земјата за санкции против 198 културни дејци од Русија.

Санкциите се насочени кон голем број истакнати руски новинари, ТВ водители и актери, меѓу кои режисерот Андреј Кончаловски, ТВ продуцентката Јана Рудковскаја, новинарката Марина Ахмедова и актерот Јегор Бероев.

Киев воведе санкции и против украинската новинарка Дијана Панченко.

Санкциите вклучуваат блокирање на имотот, ограничување на трговските операции, забрана на летови и транспорт низ Украина и суспендирање на правата на интелектуална сопственост.

Санкциите ќе важат 10 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.