„Вкупниот број на руски ракети кои до оваа вечер ги погодија нашите градови е веќе 2.811“, напишал на својот Фејсбук профил претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Ги имаме сите докази што прават руските трупи против нашиот народ. Еден таков доказ се наоѓа на видеото. Така што никој нека не се осудува да се излаже во врска со ракетниот удар на трговскиот центар во Кременчук“, додал тој.

Како што вели, руската ракета со цел го погодила токму тој објект.

„Сакаа да убијат што повеќе луѓе во мирниот град, во обичен трговски центар. За овој акт на државен тероризам, како и за сите други, одговорноста ќе ја сноси Русија. На бојното поле во Украина, јакнење на санкциите и секако – во Трибуналот“, додал тој.

Спасувачите вчера ја завршиле потрагата по преживеани, а во украинското Министерство за внатрешни работи, Денис Минастирски објавил дека повеќе нема живи под рушевините, пренесува „Ројтерс“.

Русија тврди дека пожарот во трговскиот центар бил предизвикан со нападот на складиштето за оружје на тоа подрачје, а не со директен напад на центарот.

Руското Министерство за одбрана соопштило дека фрлило проектили на складиштето со оружје во градот и дека пожарот бил предизвикан од дополнителна експлозија на муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.