Двајца од највисоките здравствени службеници во САД го оспоруваат тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека федералните податоци за случаи со Ковид-19 и смртни случаи во САД се претерано високи, но изразија оптимизам за зголемувањето на стапките на вакцинација.
Смртните случаи се вистински смртни случаи. Податоците дека болниците се пренатрупани и здравствените работници се под стрес не се лажни – изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, за Еј-Би-Си Њуз.
Фаучи и шефот на американската здравствена служба, Џером Адамс, застанаа во одбрана на точноста на податоците за корона вирусот објавени од Американскиот центар за контрола и превенција на болести откако Трамп ги нападна методите на табеларно прикажување на таа агенција.
Во САД од почетокот на пандемијата има вкупно повеќе од 20 милиони луѓе заразени со корона вирусот, а речиси 347.000 починааа, што е еден од 950 жители.
Од аспект на јавното здравство, немам причина да се сомневам во тие бројки и мислам дека луѓето треба да бидат многу свесни дека не се само смртни случаи – рече Адамс.
Фаучи и Адамс изразија оптимизам дека темпото на вакцинација на Американците против вирусот се забрзува по бавниот почеток. Од 14 декември, повеќе од 4,2 милиони луѓе се вакцинирани со една од двете вакцини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.