Здравствениот систем на Португалија е пред колапс затоа што одделите за интензивна нега во болниците се пренатрупани во области каде што има загрижувачки пораст на бројот на луѓе кои се заболени од Ковид-19.

Нашиот здравствен систем е под огромен притисок. Постојат граници и ние сме прилично блиску до нив, изјави португалската министерка за здравство Марта Темидо.

Дури и пред пандемијата, Португалија имаше најмал број на болнички кревети на 100.000 жители во Европа – само 627 во одделенијата за интензивна нега.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.