Шпанскиот крал Фелипе Шести ги завршува дводневните разговори со лидерите на политичките партии, надевајќи се дека ќе најде кандидат кој ќе добие поддршка од Парламентот да формира влада и да се спречат втори национални избори оваа година.
Вршителот на должност премиер на Шпанија, Педро Санчез претходно најави дека ќе разговара со лидерите на ултралевичарската Унидас Подемос, со конзервативната Народна партија, партијата на десниот центар Циудаданос, дали ќе го поддржат како премиер.
Последната средба на кралот Фелипе Шести ќе биде со Санчез, чија Социјалистичка партија освои 123 места во Долниот дом од вкупно 350 мандати.
Претходно, лидерот на партијата на десниот центар Граѓани, Алберт Ривера изјави дека испратил писмо во кое бара итен состанок со вршителот на должност премиер Санчез, со цел да се прекине политичкиот застој и да се избегне повторување на изборите.
Ривера постави три услови за откажување од спротивставување на Владата на Санчез – ветување дека нема да се зголемат даноците, шанса повторно да се примени директното правило во Каталонија доколку регионалната влада ја отфрли идната пресуда во судењето на сепаратистите, како и отфрлање на пактот со баскиските националисти во Наваро.
Рокот за формирање влада е 23 септември, доколку ниту еден кандидат не обезбеди поддршка, изборите ќе се одржат на 10 ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.