Чоколадото „Ритер“ е единствено што може да се продава во Германија во карактеристична квадратна форма, одлучи германскиот Врховен суд . Судот смета дека квадратниот облик на чоколадото „Ритер Спорт“ не е само плод на функционалност, туку и на креативен дизајн.
Со ова, беше одбиена тужбата на компанијата Монделез, производител на чоколади „Милка“. Конечната пресуда стави крај на десетгодишна правна битка во која Милка бараше укинување на ексклузивното право на Ритер за таков облик на чоколадото.
„Среќни сме што се заштити нашиот бренд, кој го негуваме со децении, изјавија од компанијата „Алфред Ритер“ во близина на Штутгарт.
„За нас квадратниот облик на чоколадо има иста вредност како и виолетовата боја на пакувањето за нашата конкуренција “, додадоа од компанијата во „Ритер“.
„Ритер Спорт“ е основана во 1912 година, а квадратниот облик е дизајниран во 1932 година, кога ко-основачот Клара Ритер одлучи дека чоколадите мора да се вклопуваат во секој џеб од јакна без да кршат.
Компанијата, исто така, ја сподели добрата вест на својот профил на Твитер со пораката: „Денес е важен ден за нас, бидејќи типичната квадратна форма на нашето пакување ќе продолжи да биде заштитен со законот за трговски марки и е резервиран за нас во иднина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.