Специјалци на француската полиција упаднаа денеска попладне во затворот Конде сур Сартр каде 27-годишен радикализиран затвореник повреди тешко двајца чувари со керамички нож. На местото на инцидентот се регистрани серија детонации од шок гранати што ги користела полицијата во почетокот на операцијата, јави дописникот на МИА.

Чуварите ги нападнал 27-годишниот Мајкл Чиоло извикувајќи Алаху акбар. Чиоло отслужува затворска казна од 30 години поради киднапирање што предизвикало смрт како и за вооружен грабеж. За него има и пресуда за дополнителна една година поради терористички активности во затворот во време на терористичките напади во Париз во 2015 година.

Еден од повредените полициски чувари има повреди налицето додека другиот има убодни рани во стомакот. И двајцата се хоспитализирани.

Регионални полициски тимови за интервенции и РАИД елитни одреди на националната полиција пристигнале попладнево во затворот каде напаѓачот и негова пријателка се забарикадирани во делот за посети.

Нападот врз полицајците бил извршен утрото околу 9.45 часот. Министерката за правда,Никол Белубе нападот со нож врз двајцата затворски чувари што го изврши осуден исламист го нарече „терористички чин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.