Тајландското Министерство за правда ќе им дозволи на затворениците во четири затвори во кралството да имаат домашни миленици. Пилот проектот има за цел да ја намали анксиозноста, депресијата и другото асоцијално однесување кај затворениците.

Ефективноста на терапијата со животни ќе се тестира во затворите Након Рачасима, Рајонг, Клонгфаи и Каобин, објави Бангкок пост.

Се надеваме дека преку оваа иницијатива затворениците ќе можат психолошки да се подготват за нивното враќање во општеството по ослободувањето – соопшти Министерството за правда.

Министерот за правда Сомсак Тепсутин изјави дека агенцијата со која тој раководи работи со здруженија на животни и засолништа за да најде кучиња за проектот. Во оваа фаза се уште не е јасно колку време затворениците ќе поминуваат со животните.

За секој затвореник на кој ќе му биде одобрено да учествува во проектот ќе биде избрано куче кое одговара на неговиот карактер и (или) темперамент. Затворениците ќе бидат советувани од ветеринарите како да се грижат за животните. Доколку биде успешна, иницијативата ќе се прошири и во другите затвори во земјата.

Заклучно со мај оваа година, во кралството има 310.800 затвореници кои отслужуваат казна во 143 затвори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.