Големиот пожар кој избувна во текот на ноќта, непосредно пред 3 часот наутро, во фабриката „Лубризол“ во Руан, која произведува адитиви за подмачкување, индустриски објект класифициран Севесо, односно под надзор заради суровините што ги користи, се уште не е ставен под контрола. Според префектурата за контролата на пожарот ќе бидат потребни повеќе часови, можеби и целиот ден.
Причините за оваа катастрофа, чиј застрашувачки црн облак од чад е видлив на неколку километри оддалеченост, во моментов не се познати. Засега нема информации за жртви во пожарот.

Во гаснењето на пожарот се мобилизирани меѓу 150-200 пожарникари со педесетина возила, а повикани се на помош и и противпожарните екипи од соседните департмани. На социјалните мрежи, сведоците на пожарот велат дека слушнале неколку детонации.

Префектурата на Приморска Сена потврди за радиото Франција Блу, дека го аактивирала кризниот оперативен центар (КОД).

Жителите на дванаесет општини, меѓу кои и Руан, се повикани да останат дома, а сите училишта се затворени.

Во чадот нема „акутна токсичност“, рече според прелиминарните анализи, префектот на приморска Сена, која ги повикува жителите да ги „ограничат своите движења на стриктни потреби“ во текот на денот.

-Нема елементи кои дозволуваат да се стравува од ризик поврзан со чадот,изјави министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

Овој пожар потсетува на „случајот меркаптан“ во 2013 година, со истата фабрика. Во јануари истата година, силниот непријатен мирис – излегува од фабриката и предизвикува национална „здравствена криза“. Во прашање, беше испуштање на гас, меркаптан, од еден од резервоарите во фабриката „Лубризол“, чии испарувања биле почувствувани стотици километри надалеку, дури и во регионот на Париз. А гасниот облак се почуствувал и на југот на Англија. Операциите за неутрализација траеја неколку ноќи. Истрагата утврди дека овој протек на меркаптан е поврзан со човечка грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.