Затворен за работа е најголемиот и најдлабок рудник за злато на светот – Мпоненг. Масовна е заразата помеѓу работниците внатре. Оваа недела биле извршени 600 тестови и околу една четвртина се вратиле како позитивни. Инаку, оваа компанија вработува дури 5000 рудари во рудникот.

Тој последниот месец работеше со половичен капацитет, токму поради пандемијата. Но се покажа како недоволна таа мерка. Сега рудникот е целосно затворен. Компанијата трпи огромни загуби поради тоа што не се ископува златото.

Рудникот Мпоненг се простира на околу четири километри длабочина. Рудникот во моментов е и на продажба. Се очекува да биде продаден до крајот на јуни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.