Повеќе од 200 припадници на полицијата во Хонг Конг, во униформа и цивилна облека, упаднале во канцелариите на онлајн опозицискиот медиум „Стенд Њуз“ (Stand News) и уапсиле шест лица, меѓу кои и уредништвото и управата под сомнение дека објавиле „бунтовничка содржина“.
Локалната полиција во соопштение информира дека постапила по наредба со која се овластува да „пребараат и одземат релевантни новинарски материјали“.
„Стенд Њуз“ е основана во 2014 година како непрофитна организација и е најистакнатиот и единствениот преостанат опозициски медиум во Хонг Конг, откако култниот таблоид „Епл Дејли“ (Apple Daily) беше затворен за време на истрагата за националната безбедност на почетокот на годинава, а сопственикот Џими Лаи беше затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.