Финансиската полиција во Италија објави дека открила луѓе кои преку интернет продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче. Покрај тоа што цените се неверојатно „надуени“, продавачите на интернет шират лаги и тврдат дека нивните производи нудат „целосна заштита“ од коронавирус.

Дваесет лица се обвинети за лажно рекламирање и запленети се илјадници заштитни маски за лице, прочистувачи на воздухот па дури и хартиени заштитници за тоалет школки, соопшти полицијата, а пренесува „Индекс.хр“. Лажното рекламирање се казнува со затворска казна до две години, соопштила полицијата.

По избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, луѓето во неколку делови на Италија ги разграбија заштитните маски и антибактериските гелови за раце, што предизвикува огромен скок на цените.

На прес-конференција во Рим, министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека Владата размислува да донесе мерки за намалување на цените и истакна дека на повеќето луѓе не им требаат маските.

Светската здравствена организација истакна дека маски треба да се носат само во случај на редовен контакт со заразените лица и оние кои кашлаат и киваат, пренесувам Хина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.