Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф денеска изјави дека ракетниот напад врз американски цели во Ирак се „легитимна самоодбрана”.

Нашата акција е легитимна самоодбрана и САД би требало да ги избегнуваат процените засновани врз илузии – наведе Зариф.

Тој претходно на Твитер напиша дека Иран презел пропорционални мерки во самоодбрана во согласност со членот 51 од Повелбата на Обединети нации врз базите од каде е преземен „кукавичкиот напад” врз ирански државјани.

 Не сакаме ескалација или војна, но ќе се браниме од агресијата – напиша напиша Зариф на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.