Голем број заболени од германската месарска компанија „Тоени“, каде со коронавирус се заразени повеќе од 1.000 луѓе заминале на Балканот, тврдат германските медиуми.
Округот Гистерлох има информации дека вработени со потекло од Романија и Бугарија заминале, непосредно пред одлуката за карантин за сите работници во погоните во местото Виденбрик.
Забележавме зголемена раздвиженост – велат окружните власти, додавајќи дека немало доволно време за да се спречи тоа.
Локалните власти наредија карантин во петокот.
Во погоните на фабриката „Тоени“ во Реда-Виденбрик, најголемата кланица во Германија, вработени се околу 6.500 луѓе, од кои половина се вработени преку компании кои посредуваат за вработување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.