Фамилијата Ван дер Ворм се ретки милијардери кои својот живот го држат далеку од очите на јавноста. Таа фамилија од Данска го изградила своето царство низ „Холанд Америка Лајн“, линија за крстарење кои ја продале фирмата „Карнивал“ во 1988 година за тогаш неверојатни 625 милиони долари.

 

А 2019 година ќе ја завршат со плус од скоро четири милијарди долари! Но, нејасно е каде парите ќе завршат.

Фамилијата би можела да ги користи парите за исплата на дивидендите на акционерите, повторно инвестирање во нешто друго, пензии или дури и филантропија“, рекол за Блумберг, аналитичарот Тијс Беркелдер.

Тоа што е интересно е дека ниту еден јавен документ не ги открива имињата на членовите на фамилијата, туку исклучиво нивните иницијали. Единствената работа која успеала јавноста да ја дознае за нивните финансии е низ „панамските документи“, кои се појавиле откако биле излегле информации од адвокатската фирма во 2016 година.

Документите го откриле личното финансиско работење на 12 лидери на земји, 128 јавни службеници и 29 милијардери од листата на Форбс, објави Блумберг.

Преку тие информации се дознало дека компанијата има свое седиште во Курасао, остров познат по ниските даночни стапки, заради што е популарен кај богатите странци.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.