Илјадници луѓе излегоа на улиците во неделата низ огромната површина на Русија и побараа ослободување на затворениот лидер на опозицијата, Алексеј Навални, одржувајќи бран протести на национално ниво, кои го разбрануваа Кремљ. Стотици беа приведени од полицијата.
Властите вложија огромни напори да го спречат бранот демонстрации откако десетици илјади луѓе се собраа низ целата земја минатиот викенд во најголемото и најраспространето шоу на незадоволство што го виде Русија со години наназад.
Во неделата, полицијата приведе над 400 учесници во протестите што се одржаа во многу градови низ 11-те временски зони на Русија, според ОВД-Инфо, група која ги следи апсењата.
Само во крајното источно пристаниште Владивосток, повеќе од 100 лица беа приведени откако демонстрантите танцуваа на мразот и се собраа во центарот на градот. Во градот Новосибирск во источен Сибир имаше еден од најголемите митинзи досега, со илјадници луѓе кои маршираа низ градот извикувајќи „Путин, крадец!“ Повеќе од 50 беа приведени. Скандирањата се однесуваа на раскошниот имот на Црното Море, наводно, изграден за рускиот водач, за кој тимот на Навални објави видео кое досега е видено повеќе од 100 милиони пати.
Во Москва, властите воведоа невидени безбедносни мерки во центарот на градот, затворање на метро станиците во близина на Кремљ, прекинување на сообраќајот на автобуси и наредија рестораните и продавниците да останат затворени.
Тимот на Навални првично повика на протестот во недела да се одржи на московскиот плоштад Лубјанка, дом на главниот штаб на Федералната служба за безбедност, за која Навални тврди дека е одговорна за неговото труење. Откако полицијата ја опколи областа околу плоштадот, организаторите на протестот ги повикаа демонстрантите да се соберат на друг централен плоштад оддалечен околу два километри. Силна полицијата се појави и на таа локација, приведувајќи неколку демонстранти и ставајќи ги во автобуси.
Како дел од обидот на властите да ги блокираат протестите, судовите ги затворија соработниците и активистите на Навални низ целата земја. Неговиот брат Олег, главната соработничка Љубов Собол и уште три лица беа ставени во двомесечен куќен притвор во петокот под обвинение за наводно кршење на ограничувањата на корона вирусот за време на протестите минатиот викенд.
Обвинителите исто така побараа платформите на социјалните мрежи да ги блокираат повиците да се приклучат на протестите на Интернет.
Министерството за внатрешни работи издаде строги предупредувања до јавноста да не се приклучува на протестите, велејќи дека учесниците може да бидат обвинети за учество во масовни немири, што предвидува затворска казна до осум години. Оние кои ќе применат насилство врз полицијата може да се соочат со 15 години.
Во четвртокот, судот во Москва ја отфрли неговата жалба да биде ослободен, а друго рочиште следната недела може да ја претвори неговата условна казна од 3 1/2 години во издржување во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.