Полицијата во Нов Зеланд започна со уништување на полуавтоматско оружје и јуришни пушки пред 21 декември, кога стапува на сила законот што забранува поседување на такво оружје .

Забраната следува по масакрот во Крајстчрч во март годинава кога маж уби 51 лице во џамија, јавува „Би-би-си“.

Досега се уништени над 50.000 парчиња оружје во центрите во земјата, но некои сопственици на оружје се против решението.

Во Нов Зеланд, на четири лица има едно парче оружје, а полицијата соопшти дека немаат прецизни информации колку точно оружје се наоѓа во приватна сопственост.

Властите на Нов Зеланд објавија на 21 март дека ќе воведат забрана за јуришни пушки и полуавтоматско оружје од воен тип, како одговор на двојниот напад во џамиите во Крајстчрч.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.