Во акција на Европол ширум Европа се уапсени 667 луѓе, а разбиени се 25 криминални организации и запленети се дрога и допинг-супстанции вредни 73 милиони евра.

Во соопштението на Европската полициска организација се наведува дека Европол ја координирал операцијата, под кодно име „Штит“, во обид да се запре производството на фалсификувани пари, лекови и допинг-супстанции.

Во операцијата учествувале полициски единици од Финска, Франција, Грција и Италија, во соработка со уште 27 други земји од Европа.

Акцијата траела меѓу март и септември годинава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.