Шпанската полиција уапси 12 членови на најголемата нарко банда во Мадрид и заплени автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра, како и арсенал огнено оружје и јапонски меч.

Како што се наведува во полицискиот извештај, во серијата претреси се запленети и три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Меѓу запленетите предмети биле и 20 скапоцени автомобили, како и 700.000 евра готовина.

Во соопштението се наведува дека бандата била многу насилна.

Полицијата, исто така, тврди дека „адвокат за дрога“ вршел незаконски активности за таа организација.

Членовите на бандата користеле шифрирани имиња, а живееле во луксузни објекти.

Истражните органи утврдија дека станува збор за најголема организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид – се наведува во полициското соопштение.

Шефот на организацијата, кој по потекло е од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и земји во северниот дел на Европа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.