Унгарија има намера да ги заостри мерките за граничните премини од 1 септември за да го спречи ширењето на коронавирусот, поради зголемениот број на заразени во соседните земји, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој изјави дека со оглед на тоа дека почнува новата учебна година, не е можно да се продолжи со сегашниот систем на гранични премини. Во моментов, од повратниците од земји со повисоки стапки на инфекција се бара да бидат во двонеделен карантин, ако не сакаат да направат два ПЦР теста, кои мора да бидат негативни.
Орбан не даде детали за планираното заострување на идниот режим на границите на Унгарија.
Поради најавените нови мерки, на Унгарците веќе им се советуваше да избегнуваат одмори во странство од следниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.