Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза.

Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за да се справиме со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси – соопшти еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика, без да презентира конкретни мерки против кризата.

Еврокомесарката појасни дека во декември ЕК ќе претстави стратегија за премин од природен гас на водород.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.