Во тек е заложничка драма во париз откако Тунижанец криднапиаше и држи две жени како заложници во трговски центар, пренесуваат француските медиуми, додавајќи дека станува збор за 50-годишен маж, кој во минатото посетувал психијатриска клиника поради здравствени проблеми.

На местото на настанот пристигнале и полициски екипи кои се обидуваат да ги ослободат приведените жени. Целиот округ околу критичното место е затворен за пристап, а градските власти ги повикале парижаните да не доаѓаат во овој дел од градот, пренесуваат локалните медиуми.

Според првичните информации, киднаперот и бил познат на полицијата, бидејќи веќе имал и досие, а се заканувал дека нема да ги ослободи жените додека не разговара со францускиот министер за правда, Ерик Дупон Морети. Станува збор, како што се истакнува, за поранешен туниски судија по име Абдераман Б.Ј.(56).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.