Единаесет луѓе се убиени при грабеж на банка во градот Милагрес на североисток на Бразил. Градоначалникот на Милагрес Лилсон Ландин потврди дека во заложничка драма и во оружен грабеж загинале 11 лица. Разбојниците нападнале две банки непосредно пред зори.

Во нападот се убиени шестмината разбојници, како и петмина заложници, меѓу кои и едно дете. До престрелаката дошло во текот на преговорите на разбојниците со полицијата, по што тие ги убиле луѓето кои случајно се нашле во близина на банките, а полицијата отворила оган.

Во целата акција учествувале и припадници на воената полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.