По изјавата на австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг, дека „Москва не е заинтересирана за дијалог со ЕУ“, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, истакна дека заедничките проекти меѓу Русија и ЕУ се блокирани поради антируските санкции и агресивната реторика на Брисел.
Имаше многу политички, хуманитарни и економски проекти во кои Русија и ЕУ заедно учествуваа. Но, проектите беа блокирани откако Брисел усвои политика на санкции против Москва и го замени дијалогот со агресивна реторика, неосновани обвинувања и кампања на дезинформации – истакнува Захарова.
Претходно, пред самитот на ЕУ на 24 мај, Шаленберг изјави дека ЕУ сака да гради дијалог со Русија, но оти Москва не е заинтересирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.