Двајца планинари од Индија, калпан Дас (57) и Нихал багван (27), и 65- годишен планинар од Австрија, загинаа вчера од исцрпеност при спуштање од врвот Монт Еверест.

Како што известија локалните медиуми планинарите цели 12 часа биле заглавени на Монт Еверест, поради метежот на врвот. Од долгочасовното чекање биле изморени и не можеле да почнат со спуштањето.

И покрај молбите на локалните организации да се ограничи бројот на издадени дозволи, сепак во последните денови на Монт Еверест е забележан голем метеж. 381 дозвола беа издадени само од Непал за пролетната сезона за искачување на највисокиот врв на светот, а секоја од дозволите чини 10 000 долари.

Инаку ова ен е прва несреќа неделава, во средата почина Индијка и Американец , а еден планинар државјанин на Ирска е прогласен за починат по падот на 16. мај. Синот на Индијката раскажува дека и мајка му починала од исцрпеност при симнувањето од планината , зашто морала да чека да се расчисти метежот во кампот 4 на височина од 8 000 метри.

За големиот метеж на Монт Еверест говори и фактот што во средата на врвот во исто време имало 320 луѓе, нешто што досега е невидено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.