Француските власти соопштија дека денеска починал уште еден припадник на движењето на „жолтите елеци“ откако го удрил камион за време на патна блокада во близина на јужниот град Авињон.
Локалните власти соопштија дека возачот на камионот е уапсен и притворен откако се обидел да избега од местото на инцидентот.
Во соопштението се наведува дека повредениот демонстрант веднаш го презела екипа на Брза помош но оти во текот на ноќта им подлегнал на повредите.
Уште пет демонстранти досега загинаа во сообраќајни несреќи, а повеќе од 1.400 припадници на „жолтите елеци“ се повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивата откако почнаа демонстрациите минатиот месец.
Демонстрантите блокираа важни сообраќајници низ цела Франција, а во Париз протестите прераснаа во немири.
Учесниците во актуелните протести во Франција се нарекуваат „жолти елеци“ поради флуоресцентните безбедносни елеци што ги носат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.