Вакцинацијата против корона вирусот од денеска е задолжителна за здравствените и социјалните работници во Велика Британија, а воведени се и ковид потврди, кои ќе бидат неопходни за влез на одредени места и настани во земјата.
Британските пратеници гласаа со 385 гласа „за“, според 100 гласа „против“ за задолжителната вакцинација на здравствениот персонал, што е дел од планот на владата за борба против ширењето на коронавирусот во текот на зимата, пренесува Ројтерс.
Пратениците со 369 гласа „за“, а 126 „против“ воведување потврда за вакцинација или доказ за негативен тест на Ковид-19 за влез на места како што се ноќни клубови или за присуство на поголеми настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.