Летонската влада одлучи да ја направи вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за вработените во образованието и здравствените установи, јави ДПА.
Од октомври, вработените во медицински, јавни и образовни институции ќе треба да покажат потврда за вакцинација против Ковид-19.
Во другите сектори, работодавците ќе имаат право да отпуштаат невакцинирани работници од 1 октомври, според новите правила донесени од владата вчера во Рига. Мерките мора да бидат одобрени од парламентот за да стапат на сила.
Кампањата за вакцинација во Летонија, со население од 1,9 милиони жители, напредува многу бавно. Досега, околу една третина од жителите примиле барем една доза од вакцината. Од почетокот на пандемијата, повеќе од 138.000 случаи на коронавирус се регистрирани во Летонија, а повеќе од 2.500 заразени лица починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.