Британец ја убил сопругата откако таа го замолила да се отсели зошто бил заразен од коронавирус. Хусеин Егал (65) е обвинет дека на 6 април во нивниот стан во Едмонтон, северниот дел од Лондон, со тежок предмет ја убил 57-годишна Мериан Исмаел во текот на самоизолација поради Ковид-19.

Според записите од судскиот процес во градската судница во Лондон, загрижените соседи ја контактирале полицијата околу 18 часот таа вечер. Кога службениците стигнале на местото на настанот, ја пронашле Мериан Исмаил мртва и виделе дека се здобила со повеќекратни тешки повреди, пишува Сан.

Кога полицијата стигнала во станот на осомничениот, ја пронашле неговата жена. Веќе некое време била мртва, а се здобила со тешки повреди. Осомничениот изјавил дека сопругата барала од него да се отсели зошто боледувал од коронавирус, рече обвинителот Џонатан Полнај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.