Учесниците на протестите во Велика Британија денеска, на вториот ден од антирасистичките протести урнаа споменик на трговец со робови кој беше поставен во Бристол.

Тие, прво го врзаа споменикот со јажиња и влечејќи ја надолу ја турнаа бронзената статуа. Споменикот беше на истакнат трговец со робови од 17 век, Едвард Колстон. Откако падна, демонстрантите ја влечеа по улиците на Бристол и ја фрлија во вода. Откако статуата падна, еден демонстрант позираше со коленото притиснато на вратот на фигурата, алудирајќи на смртта на Џорџ Флојд, кој почина во Минеаполис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.