Во 2020 година во светот се појавиле 5,2 милиони нови милионери, кои до такво достигнување дошле пред се благодарејќи на растот на цената на акциите и недвижностите, пишува британски „Гардијан“.

Со таквиот пораст, милионерите за прв пат во историјата се повеќе од 1% од глобалната популација, односно околу 56,1 милион луѓе во светот имаат повеќе од 1 милион долари, покажува Глобалниот извештај за богатство на Кредит свис.

Во добар дел ваквиот скок на бројот на милионери е помогнат од мерките за намалување на штетата од Ковид-19, главно снижувањето на каматните стапки за позајмување пари од банки.

На САД отпаѓа околу една третина од новите милионери, на второ место е Германија со 633.000 нови милионери, а трета е Австралија со речиси 400.000.

Групата на поединци со ултра висока нето вредност или во пари над 50 милиони долари, е зголемена за 41.420 лица.

Во целост, глобалното богатство во 2020 пораснало за 7,4% на 418 илјади милијарди долари. Растот во најголем дел доаѓа од САД, Европа и Кина, додека вкупното богатство во Латинска Америка и Индија било во пад.

Во следните пет години се очекува дека бројот на милионери во светот ќе порасне за речиси 50% и ќе изнесува околу 84 милиони луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.