За време на пандемијата Ковид-19, од крајот на 2019 година до средината на декември 2020, повеќе од 2.200 милијардери во светот станале побогати за вкупно 1,9 билиони долари.
Според изданието на „Форбс“, вкупниот имот на најбогатите луѓе на планетата моментално е во висина од 11,4 билиони долари, а кон крајот на 2019 година неговата вредност изнесувала 9,5 билиони. Тоа значи дека нивното богатство пораснало за 20 отсто.
Од „Форбс“ наведуваат дека за време на пандемијата, „просперирале“ милијардерите како Џеф Безос, Џек Ма или Бернар Арно.
Најмногу се збогатиле кинеските милијардери и тоа за 60 отсто. Меѓу нив лидер е Чжун Шањшањ, сопственик на „Nongfu Spring“, компанија за производство на флаширана вода. Неговото богатство пораснало од 2 милијарди долари во април годинава, до неверојатни 62,5 милијарди во декември.
Во САД, капиталот најмногу си го зголемил основачот на „Тесла“ и „СпејсЕкс“, Илон Маск, и тоа за 17 милијарди долари.
Од француските милијардери, кои се на трето место во рејтингот на Форбс, најзголемен е капиталот на Арно, сопственик на „Диор“ и „Луј Витон“ и косопственичката на „Л’Ореал“, Франсоаза Бетанкур-Мејерс. Тие држат повеќе од половина од вкупниот капитал на најбогатоте Французи.
Во рејтингот на топ десетте земји чии милијардери најмногу го зголемиле своето богатство во 2020 година, на прво место се оние од Кина, кои станале побогати за 750 милијарди долари, следни се милијардерите од САД, побогати за 560 милијарди дола. Француските се на трето место и станале побогати за 95 милијарди, по нив се оние од Индија со додадено богатство од 75 милијарди долари, а на петто место се оние од Хонгконг, со 60 милијарди плус.
На шесто место се германските милијардери, кои станале побогати за 55 милијарди, исто колку и јапонските. Трите последние земји во првата десетка се Сингапур (најбогатите таму станале побогати за 45 милијади), Австралија (за 35 милијарди) и Шведска (за 30 милијарди).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.