Саудискиот суд денеска донел конечна пресуда, повеќегодишна казна затвор за осум обвинети, за случајот со убиениот колумнист на „Вашингтон пост“ и саудиски критичар, Џамал Кашоги, откако неговото семејство објавило помилување со кое поштедило пет осудени лица од погубување.
Државната телевизија на Саудиска Арабија емитувала неколку детали за правосилната предуда на Кривичниот суд во Ријад против осум саудиски државјани.
Нивните имиња не се објавени во јавност, пренесува „AP“.
Судот изрекол максимална казна од 20 години затвор за пет лица, едно лице добило 10 години затвор, а уште две лица се казнети со 7 години затвор.
Групите за заштита на човековите права и независен истражител на ООН го искритикувале судењето, истакнувајќи дека ниту еден висок функционер ниту било кој осомничен за наредба за убиство не е прогласен за виновен.
Се смета и дека независноста на судот исто така е доведена во прашање.
Кашоги е убиен кон крајот на 2018-та година во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.