Брентон Тарант е обвинет за убиство на педесет луѓе. Бројот на жртвите порасна откако уште едно тело е најдено по извлекувањето на труповите од џамиите ал-Нур и Линвуд.

„Бројот на убиените луѓе во оваа ужасна трагедија во моментов се зголеми на 50“, рече на прес-конференција началникот на новозеландската полиција Мајк Буш.

Буш вели дека полицијата продолжува да работи на извлекувањата на телата на убиените од џамиите, а деновиве ќе стартува нивното идентификување.

„Уште 36 луѓе продолжуваат со лекувањето во болницата во округот Кантербери, и 11 од нов се во критична состојба. Исто така, во многу сериозна состојба и натаму е четиригодишно девојче настрадано во нападот, кое вчера лекарите ја пренесоа во болнциата во Окленд“, додал Буш.

Тарант во судот со десната рака го направи знакот „ОК“ спојувајќи го палецот и показалецот, што е симбол на препознавање на белечките расисти.

Брентон Тарант останува во притвор до следното сослушување закажано за 5-ти април. Две лица кои се уапсени веднаш по нападите врз џамиите во петокот не се вмешани во масакрот кој го извршил тој.

Полицијата апелираше до жителите на Крајстрчрч да се вратат на секојдневниот живот. Џамиите ал-Нур и Лингвуд ќе бидат затворени до завршувањето на на истрагата.

По нападот во Нов Зеланд, Италија ќе ги зајакне безбедносните мерки затоа што стравува од напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.