Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо, јави француската новинска агенција АФП.
Ројтерс известува дека стотици луѓе се собрале во училиштето за да добијат донации кои изнесуваат околу девет долари по лице.
Бројот на загинати и повредени расте доста брзо бидејќи првите информации говореа за триесет мртви за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за АФП.
Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени.
Меѓу загинатите има деца и жени, а се соопштува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба.
Houthi media published a video of the stampede in Sana'a, which killed about 80 people and injured more than 110 others#south24 pic.twitter.com/xw2Q7BaPMd
— South24 | English (@South24E) April 20, 2023
Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што предизвика интервенција на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија за да ја поддржи владата.
Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.