Властите во Велика Британија од следната недела ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите мутации на корона вирусот. Во рамки на мерките, се предвидува хотелски карантин за патниците кои доаѓаат во земјата.
Министерот за здравство, Мет Хенкок, изјави дека прекршителите на правилата, што стапуваат во сила на 15 февруари, може да добијат парична казна до 10.000 фунти, како затворска казна до 10 години
Секој што ќе лаже во образецот за лоцирање патници и се обиде да скрие дека бил во држава која е на „црвената листа“ 10 дена пред да дојде тука, ќе се соочи со казна затвор од 10 години. Британските и ирските граѓани кои пристигнале во Англија од земјите со најголем ризик, треба да платат 1.750 фунти и да поминат најмалку 10 дена во карантин во хотелот што ќе им биде доделен – изјави Ханкок во Парламентот.
Британската Влада објави дека договорила 16 хотели со 4.600 соби и дека ќе обезбеди повеќе места за карантин доколку е потребно.
Мерките во Велика Британија може да останат во сила се додека Владата не биде сигурна дека вакцините дејствуваат против новите мутации на корона вирусот – нагласи Хенкок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.