Шефот на италијанската Агенција за лекови (АИФА) Никола Магрини ја оквалификува како „политичка” одлуката на неколку европски земји, вклучувајќи ја и Италија, привремено да престанат да ја користат вакцина против коронавирус на „АстраЗенека”.
Стигнавме до точка на суспендирање затоа што неколку европски земји, вклучително и Германија и Франција, избраа да ја запрат имунизацијата..да ги запрат за да извршат инспекција. Изборот е политички – изјави Магрини за „Ла Република”, инсистирајќи на тоа дека вакцината е безбедна и придобивките ги надминуваат ризиците.
Претходно германскиот министер за здравство Јенс Шпан инсистираше на тоа дека одлуката на неговата земја да ја суспендира вакцината „не е политичка”.
Експертите од Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска ќе ги разгледуват достапните податоци за привремената суспензија на вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека во голем број земји-членки на Европската Унија по појава на згрутчување на крвта. За четврток е закажна вонредна средба на Комисијата за безбедност на лекови на ЕМА (ПРАК), по што ќе биде објавен заклучок за безбедноста на вакцината на АстраЗенека и ќе даде препораки за тоа што да се преземе во иднина.
Во соопштението се додава дека експертите детално ги проучуваат сите податоци за случаите на појава на згрутчување на крвта по примањето на вакцината на АстраЗенека
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.