Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека минатата недела повеќе од 4,9 милиони луѓе ширум светот се заразиле со корона вирусот, а повеќе од 44.000 починале.
Растот на новите инфекции е 11 проценти во однос на претходните седум дена, а смртноста е намалена за четири отсто.
Во текот на неделата од 20 до 26 декември, вкупниот број на случаи се зголеми за 11 отсто во споредба со претходната недела – соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен.
Позитивните Случаи се зголемиле за 39 проценти во Cеверна и Јужна Америка, за 7 отсто во Африка и за 3 отсто во Европа. Новите инфекции се намалуваат во Југоисточна Азија (12%) и во Источниот Медитеран (3%).
Во Европа се регистрирани 57 проценти од заразените и 53 отсто од смртните случаи во текот на неделата.
Најголем број на заразени е регистриран во САД (1.185.653), потоа во Велика Британија (611.864 случаи на инфекција, 20% повеќе), Франција (504.642 случаи, 41% повеќе), Италија (257.579 случаи, 62% повеќе)) и Германија (197.845 случаи, што е 30% помалку).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.