САД ја разгледуваат можноста за вакцинирање на луѓето со половина доза од вакцината на фармацевтската компанија „Модерна“ во обид да се забрза вакцинацијата на населението, изјави шефот на државната операција „Ворп спид“, Мосиф Слои.

Знаеме дека аплицирање на само половина од дозата на вакцината предизвикува идентичен имунолошки одговор кај луѓето на возраст од 15 до 55 години – изјави Слоу.

Како што објавуваат американските медиуми, ниту „Модерна“ ниту американската Агенција за храна и лекови не ги коментираат таквите информации.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести соопшти дека досега се вакцинирани 4.225.756 лица, а повеќе од 13 милиони вакцини се дистрибуирани низ САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.