Унгарските власти соопштија дека 15 полицајци ќе бидат распоредени како испомош на границата меѓу Србија и Македонија, а 30 на границата меѓу Македонија и Грција.

Како што се наведува во соопштението, мерката се презема поради спречување на илегални премини во Србија и Македонија и апсења на трговци со луѓе.

Полициските единици ќе бидат опремени со возила, кои ќе можат да се движат надвор од автопатиштата, со уреди за ноќно набљудување и со термални камери.

Унгарската полиција продолжува да соработува со локалните сили за заштита на границите меѓу Србија и Македонија, како и Македонија и Грција, соопшти унгарското МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.