Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун им додели повеќе овластувања на своите соработници, вклучително и на неговата сестра Ким Јо Џонг, според јужнокорејската разузнавачка служба, јави Би-би-си.
Ким и понатаму ја задржа „апсолутната власт“, но за да го намали нивото на сопствениот стрес, некои надлежности им ги пренесе на други, додава Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.
Но, разузнавачката служба на Сеул и во минатото знаела да погреши кога станува збор за нејзиниот северен сосед, пишува Би-би-си.
Овие тврдења биле изнесени на денешната затворена седница на собранието на Јужна Кореја, по што пратениците разговараа за тоа со новинарите.
Како што изјавија, сестрата на Ким од сега ќе има, меѓу другото, надлежности над политиката кон САД и Јужна Кореја и „е де факто лидер број два“, иако нејзиниот брат „не избрал наследник“.
Сепак, некои аналитичари се многу скептични во врска со овие информации, имајќи предвид, според веб-страницата на НКњуз, дека таа овој месец не се појавила на два важни состаноци, што кај некои поттикна сомневања дека таа е всушност сменета.
Ким Јо Џонг е помлада сестра на Ким Џонг Ун, и единствена од неговите најблиски роднини која се смета за важна и моќна соработничка на севернокорејскиот лидер.
Родена во 1987 година, таа е четири години помлада од Ким. Обајцата заедно живееле и студирале во Берн, Швајцарија.
Таа го привлече вниманието на меѓународната јавност за прв пат во 2018 година, како прва членка на династијата на Ким што ја посетила Јужна Кореја. Таа била дел од делегацијата на Зимските олимписки игри, кои заеднички ги организирале двете Кореи.
Таа, исто така, со својот брат организирала меѓународни самити, вклучително и оние со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кинескиот Си Џинпинг и американскиот Доналд Трамп.
Но, Би-би-си проценува дека не постои сомнеж дека Ким Јо Џонг е во подем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.