Во последните 24 часа, бројот на мртви од корона вирусот во Италија се зголемил од претходните 196 на фрапантни 827 жртви, пишува британски Дејли Меил.
Изданието наведува дека интензивните неги во Италија се соочуваат со недостаток на кревети.
Поради тоа, се појавиле и предлози да се престане со третманите кај постарите лица и вниманието да се сврти кон тие кои имаат подобри шанси да преживеат и имаат повеќе години пред нив за живеење. Дејли Меил тврди дека таквите предлози доаѓале од лекарите. Размислувањата за овие мерки се појавиле откако бројот на заразени ја надминал бројката од 10 000 лица, а бројот на мртви преминал преку 600.
Всушност, станува збор за размислување според кое, во болниците ќе с еправи проценка кој има повеќе шанси д апреживее, па тој да биде лекуван, наместо да се прима кој како дошол со симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.