Обединетите нации (ОН) велат дека цунамито ќе биде една од најопасните природни катастрофи и дека урбанизацијата и туризмот во регионите подложни на цунами треба да се спречат, затоа што во спротивно, животите на многу луѓе ќе бидат во опасност.
Извештајот на ОН, објавен во 2020 година по повод „Светскиот ден за подигање на свеста за цунами“, покажува дека за 10 години половина од светското население ќе биде под ризик од цунами.
Анализирајќи ги податоците од ОН и Светската здравствена организација (СЗО) за цунами во последните 100 години, нивните причини, последици, опасности и човечко страдање, извештајот наведува дека правилните политики и навремената акција можат да помогнат да се спречат можни сценарија за катастрофи.
ОН велат дека цунамито е една од најопасните природни катастрофи, а како земји најподложни на цунами се наведуваат Шри Ланка, Индија, Индонезија, Тајланд и Јапонија.
Самиот збор цунами доаѓа од јапонскиот јазик од зборовите цу („пристаниште“) и нами („бран“), и значи големи морски бранови предизвикани од земјотрес.
Цунами, е морски бран со големи амплитуди, предизвикани од земјотрес, вулканска ерупција или атмосферско нарушување. Деформациите на морското дно во близина на епицентарот на земјотресот се пренесуваат на површината, каде што предизвикуваат сеизмички бранови кои се шират низ површината во сите правци.
Висината на брановите на цунами е поголема на помали длабочини; покрај самиот брег може да достигне 20 до 30 метри, па дури и повеќе, и може да предизвика огромни штети, а со часови може да претставува опасност за луѓето и околината.
Податоците на ОН и СЗО покажуваат дека во последните 100 години се регистрирани 58 цунами, во кои загинале 260.000 луѓе.
Комисијата за океанографија на УНЕСКО (ИОК) одржува низа активности за координирање на службите за рано предупредување од цунами. Поставени се станици за рано предупредување и систем за намалување на ризикот во регионот на Тихиот Океан, регионот на Индискиот Океан, Карибите и северо-источниот Атлантик, Средоземното Море и околните области.
Преку овие активности, УНЕСКО има намера да ја подигне свеста за опасностите од цунами и на тој начин да спречи евентуални жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.