Осум месеци по почетокот на здравствената криза што го фрли светот на колена, кинескиот град Вухан ужива во речиси целосна нормалност, со максимално олабавени безбедносни мерки.

По појавата на пандемијата, градот во текот на 76 дена беше ставен во строг карантин, но сега граѓаните на Вухан се вратија на нормалниот живот до таа мера што не носат ниту заштитни маски.

Градот со 11  илиони жители  доживува целосна преобразба од тоа што се случуваше по 23 јануари, датумот кога почна карантинот. Сега е возможно да се видат стотици млади како играат на забавите, штандови за храна со огромни редици и собириње на луѓе на сите страни.

Ваквото олеснување на мерките е овозможено од смирувањето на епидемијата што го има во Кина.

Според Светската здравствена организација (СЗО), во август, максималната дневна бројка на новозаразени била 180, поради што многу градовипочнаа да ги укинуваат рестриктивите мерки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.