Жариштето на корона вирусот, градот Вухан, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти, која може да биде завршена до понеделник, односно за 5 дена. Болницата се гради во комплекс претходно наменет за локалните работници, покрај езеро, на периферијата на градот, објави еден државен весник.

Вухан ќе го повтори претходното искуство во Пекинг за време на борбата против вирусот САРС во 2003 година, кога за една недела беше изградена болница во предградие на Кина.

Околу 1.000 работници учестввуаа во изградбата на болницата во Пекинг, во која се лекуваа околу 700 пациенти.

Од новиот вирус досега починаа 26 лица, а повеќе од 800 се заразени. Кина ги засили антивирусните активности, а изградбата на новата болница е една од нив.

Јавниот превоз е суспендиран во 10 градови во провинцијата Хубеи, со население од 60 милиони жители, а храмовите се затворени, пренесува „Ројтерс“.

Вухан, град со 10 милиони луѓе од каде потекнува вирусот е во целосна изолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.