Втората претседателска дебата, закажана за 15 октомври, ќе се одржи од далечина, поради здравствени проблеми, објави во четвртокот Комисијата на САД за претседателски дебати.

Следната средба на претседателот Доналд Трамп и неговиот демократски ривал Џо Бајден требаше да се одржи во Центарот за изведувачки уметности „Адриен Арш“ во Мајами, Флорида. Сепак, комисијата одлучи да одржи виртуелна дебата, откако претседателот беше позитивен на коронавирус.

Трамп, кој ја напушти болничката нега претходно оваа недела изјави дека нема да учествува во претседателска дебата доколку таа треба да се спроведе во виртуелен формат.

Нема да го трошам времето на виртуелна дебата, рече Трамп за „Фокс бизнис“.

Коментирајќи го неговото здравје, Трамп рече дека се чувствува „навистина добро“ и со нетрпение очекува да направи повеќе митинзи во кампањата.

Неговиот противкандидат Џо Бајден изјави дека ќе ја откаже следната договорена дебата со Доналд Трамп, доколку претседателот се уште е болен од корона вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.