Седумдесет и петгодишна жена од Ломбардија е втората жртва на коронавирусот во Европа. Таа почина набргу по смртта на 78-годишник во болницата во Падова, северна Италија. Овие двајца Италијани се првите жртви во Европа кои починаа од коронавирусот КОВИД-19.

Италијанската агенција АНСА објави дека бројката заразени во регионите Ломбардија и Венето се зголемила на 50. Прв случај е пријавен и во северниот регион Пиедмонт, а еден пациент е ставен во изолација во Умбрија.

Како резултат на ова, властите ги затворија сите јавни објекти во десет градови во северна Италија.

Градоначалникот на Кодоњо издаде наредба за затворање на сите ресторани, кафулиња, училишта и други јавни места во градот. Министерството им препорача на локалните жители да не излегуваат од дома.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.