Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретнал со израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Двајцата лидери разговараа за безбедносни и цивилни прашања – се вели во соопштението на израелското Министерство за одбрана.

Ганц го информирал Абас дека планира да продолжи да промовира активности насочени кон градење доверба на економско и цивилно поле, како што беше одлучено на последниот состанок на двајцата лидери.

Израелските медиуми пишуваат дека средбата се одржала во куќата на Ганц во Рош Хааин, во центарот на земјата.

Во соопштение, партијата Ликуд ја осуди средбата, истакнувајќи дека отстапките опасни за израелската безбедност се само прашање на време.

Израелско-палестинската влада ги врати Палестинците и Абас на дневен ред. Тоа е опасно за Израел – додаваат од десничарската партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.