Маж во 70-те години е втората жртва на коронавирусот во САД. Тој живеел во дом за стари лица во Сиетл. Во овој американски град десетици луѓе биле болни и биле тестирани на вирусот.
Во соопштението на властите од Сиетл се вели дека мажот починал во саботата. Првиот смртен случај од коронавирус во САД здравствените власти го објавија во петокот соопштувајќи дека маж во 50-тите години починал од коронавирус. Двајцата веќе имале здравствени проблеми, и двајцата биле лекувани во болница во Киркланд, Вашингтон, источно од Сиетл.
Вашингтон сега има 12 потврдени случаи.
Државните и локалните власти ги засилија тестовите за вирусот со зголемување на бројот на нови случаи на национално ниво, така што нови зарази се објавени во Калифорнија, Флорида, Илиноис, Род Ајленд, Њујорк и Вашингтон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.